11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Каратистите на Макпетрол најуспешни на државниот шампионат

Натпреварувачите од клубот Макпетрол освоија најмногу медали на Државното карате првенство за сениори-ки, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати одржано викендот во Скопје.

„Нафташите“ успеаја да освојат вкупно 11 медали од кои пет златни три сребрени и три бронзени одличја.

Државни прваци станаа: Давид Петков -67 кг; Петар Спасеновски -84 кг; Наташа Стефановска -61 кг; Анѓела Мојсовска -68 кг; Женскиот тим во борби екипно состав: Заборска Симона, Радичевска Сара, Стефановска Наташа, Анѓела Мојсовска и Стефановска Моника.

Другите медалисти се: Петар Заборски -75 сребрен медал; Сара Радичевска -50 кг сребрен медал; Симона Заборска -55 кг сребрен медал; Пендаровска Моника -55 кг бронзен медал; Моника Стефановска -68 кг Бронзен медал; Мажи екипно борби бронзен медал.

– Многу сме задоволни од податокот дека и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата во највозрасната сениорска конкуренција. Со голема претходна припрема и оваа година успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

Спонзорирано: