12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите ќе скокнат над 20 степени – драматична промена на времето во Северна Македонија

Денес времето ќе биде Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Прогноза за 28.02.2019
Минимална температура: -6°C до 3°С
Максимална температура: 7°C до 14°C
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за 01.03.2019
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Претежно сончево и значително потопло.

Прогноза за 02.03.2019
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Променливо облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Спонзорирано: