13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невакцинирано дете од Франција ги пренело малите сипаници во Костарика

Невакцинирано дете од Франција е осомничено за пренесување на малите сипаници во Костарика, земја во која немало ниту еден случај на болеста од 2014 година, пренесува „Спутник“.

Според Министерството за здравство на Костарика, петгодишното дете дошло со своите родители на одмор на 18 февруари. Набргу потоа, било однесено на лекар со симптоми слични на оние на малите сипаници. Мајката на детето потврдила дека имало неколку случаи на мали сипаници во училиштето на нејзиниот син во Франција и дека нејзиното дете не е вакцинирано.

Иако се уште не е потврдено дека има сипаници, момчето, чиј идентитет не е откриен, во моментов е во карантин во болницата „Монсењор Санабрија“ во Пунтарена. Локалните медиуми велат дека и родителите на детето се чуваат во изолација.

Спонзорирано: