4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Именувана првата амбасадорка на Саудиска Арабија во САД

Саудиска Арабија го повлече својот досегашен амбасадор во Вашингтон и на негово место ја именуваше Рем бинт Бандер, прва Саудијка која ќе ја врши амбасадорската функција во историјата на монархијата.

Таа ќе го замени принцот Калидбин Салман, кој заминува на должноста заменик министер за одбрана, стои во одлуката на кралот Салман.

Именувањето на Бандер за амбасадорка во САД, следи по напорите на Ријад да ги намали затегнатите односи со западните сојузници, поради убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул, за кое се претпоставува дека одговорен е престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Неговиот помлад брат, принцот Калин бин Салман, беше амбасадор во Вашингтон од 2017 година. Принцот Мохамед, кој ја контролира поголем дел од Владата во земјата, ја извршува должноста министер за одбрана од 2015 година, кога неговиот татко дојде на власт.