5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Во Белград убиен Мирко Бутулија

Српскиот ракомет остана без вреден работник, почитуван колега и голем пријател, стои во соопштението на Ракометниот сојуз на Србија (РСС) по веста за убиството на Мирко Бутулија (43), потпретседател на Управниот одбор на РСС и долгогодишен функционер на Црвена звезда. Беше и прв човек од Балканот што членуваше во управниот одбор на ФИА регион 1, еден од четирите што ја сочинуваат Меѓународната автомобилистичка федерација, што ги опфаќа националните автомобилистички федерации од земји од Европа, Африка и Блискиот Исток.

„Мирко Бутулија важеше за еден од најугледните членови на нашето ракометно семејство и човек кој во последните години даде голем придонес за функционирање и развој на ракометниот спорт во Србија како на клупски, така и на репрезентативен план“, истакнуваат од РСС каде со неверување ја примија веста за трагичниот настан во Белград.

Покрај спортскиот ангажман, Бутулија беше и директор на Автомото сојузот на Србија (АСС) во чии простории денеска се случија сцени карактеристични за хорор филмови. Како што пишуваат српските медиуми, убиството го извршил генералниот секретар на АСС, Предраг Ѓурѓев (43) кој потоа си пресудил и себеси. Бутулија им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Белград, а хоспитализирана е неговата секретарка која скокнала од прозорецот, откако ги слушнала истрелите во соседната канцеларија.

Јавниот сервис на Србија (РТС), пак, јави дека убиството на Бутулија се случило во неговата канцеларија на приземје во објектот. Ѓурѓев истрелал четири куршуми во гради и еден во глава по што се упатил во друга канцеларија на катот каде си пресудил со пукање во глава.

Весникот „Блиц“ објави дека на крвавиот пир во АСС му претходела вербална расправија меѓу Ѓурѓев со еден од вработените. Бутулија се вмешал во обид да ги смири страстите на што Ѓурѓев извадил пиштол што го поседувал со дозвола и го изрешетал.

Спонзорирано: