9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски не се извини за театарот пред болницата „8-ми Септември“

Христијан Мицкоски не им се извини на граѓаните за тоа што ги лажеше, не им се извини за театарот пред болницата 8-ми септември, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, преку соопштение.

СДСМ е децидно дека со тоа Мицкоски потврдил оти не ги почитува граѓаните.

„Граѓаните го гледаат и го ценат ваквото неодговороно и несериозно однесување на Мицкоски. Насилничките сценарија и лажните вести се единствените политики на нервозниот Христијан Хидро Мицкоски. Мицкоски се демантираше самиот себе си за неколку секунди. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата, а само за неколку секунди самиот призна дека не е точно“, смета СДСМ.

Обидот на Мицкоски и Груевски, додава владејачката партија, преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста вмешаност на врвот на ВМРО-ДПМНЕ во крвававиот 27 април како главни осомничени за организирање на насилствата, не успеа.

„Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да има“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: