19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски да го повика својот братучед од ЕЛЕМ и сите свои роднини да се повлечат од работните места, побара Костадинов

Членови на семејствата на претставници на СДСМ преземаа морални чекори на повлекувања од своите работни места на свои и покрај тоа што со своето вработување не прекршиле ниту една процедура, не загрозиле ничие право и ги исполниле сите критериуми по мерит системот, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Поради морални и етички причини од работните места веќе се повлекоа: мојата мајка, дедото на пратеникот Кирацовски, синот на пратеникот Мисовски, братот и сопругот на пратеничката Стојчевска. Тоа е интегритет. Заедно го менуваме општеството, се случуваат процеси кои не биле возможни во минатото“, рече Костадинов.

Од пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тој му порача на Христијан Мицкоски да ги повика своите роднини и роднините на своите сопартијци да се повлечат од работните места кои им биле обезбедени поради нивно влијание.

„Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски во минатото раководеше со АД ЕЛЕМ. Токму во ЕЛЕМ-турс е вработен Горан Манасиевски, прв братучед на Христијан Мицкоски. Покрај братучедот на Мицкоски, во ЕЛЕМ турс работа добил и Никола Шајновски, сопруг на личната партиска секретарка на Мицкоски но и Косана Мазнева, која е дел од неговиот партиски кабинет. Сопругата на Хрстијан Мицкоски пак е вработена во гимназијата Орце Николов во Скопје. Дури и самиот Мицкоски е пример за непотизам со тоа што бил асистент кај својот татко на Машинскиот факултет, Иван Мицкоски“, изјави Костадинов.

Рече дека има едни кои ја слушаат јавноста и реагираат, а има други кои се кријат во партиските палати и немаат грам чесност и морал.

„Очекуваме Мицкоски да ги повика сите свои роднини, како и сите роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои работните места ги добиле поради влијанието на нивните блиски, да се повлечат од работните места. Ајде Мицкоски, расплети го чворот од вработувања кои си ги создал околу тебе“, рече Костадинов.

Спонзорирано: