Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
MeteoCentar Македонија

Снег вее во Македонија – внимателно на овие патни правци

фото Centar.mk / илустрација

Од АМСМ предупредуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози и дека снег провејува на Попова Шапка и Стража, кој во моментот не се задржува на коловозот.

Денеска и утре ќе се изведуваат градежни работи при поставување индуктивни јамки за броење возила на автопатот А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.