11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се враќа снегот: Нагла промена на времето

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од дожд, на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе засили. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Времето во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне со повремени слаби врнежи од дожд, а во ноќните часови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на ноќта силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север денес во текот на ноќта и утре преку денот ќе дува силен североисточен ветер, чија брзина на места ќе достигнува од 90 до 100 километри на час. Утре претпладне и околу пладне ќе има локални врнежи од снег, главно во западните и јужните делови од земјава, а дневната температурата значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде само околу нулата. Од недела следува период на суво, ветровито и постудено време.

Спонзорирано: