14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Како што во Шутка притворените не може да бидат посетени од кој ќе му текне и кога ќе му текне,така е и со притворениците кои се во болница – Зошто се случи театарот пред болницата 8-ми септември, иако правилата се јасни?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што беше примен на прегледи ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека вчерашниот ден е црн за демократијата.

Мицкоски на новинарско прашање одговори дека не му било допуштено да го посети Јанакиески, кој се наоѓа во болница по тепачката во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари на кого завчера му беше одреден 30-дневен притвор.

„Не ми дозволија да го видам Јанакиески. Дојде дежурниот доктор и рече дека има повреди по телото. Станува збор за тешка ситуација пред вратата на Јанакиески. Педесет полицајци беа таму и јас со неколку луѓе. Директорот требаше да се јави кај Зоран Заев за да види што ќе рече тој. Денеска видовме дека затворениците немаат права и исто така се подложни на тортура“, рече Мицкоски, кој претходно беше запрен од обезбедувањето, кое му укажа дека за посетата треба да побара одобрение од судот.

Мицкоски не кажа дали имал дозвола да го посети Јанакиески со оглед дека тој е притвореник и за да се оствари посета, важат слични услови како и да бил во затворот Шутка.

– Како што во притворените не може да бидат посетени од кој ќе му текне и кога ќе му текне,така е и со притворениците кои се во болница, велат познавачите кои додаваат дека за посета на притвореник во ваков сензитивен период од еден судски процес, каде што може да се влијае врз осомничените, потребна е посебна дозвола.

Исто така сите притвореници и затвореници нормално да бидат обезбедувани од страна на полицијата, без разлика дали тие се наоѓаат во движење од Шутка кон суд или болница, или се наоѓаат во суд или болница.

Засега нема официјална информација од ВМРО ДПМНЕ дали нивниот лидер побарал дозвола за посета на притвореникот Миле Јанакиевски.

Спонзорирано: