12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
СВЕТ

Нови детали за Турчинот кој ја предизвика кобната несреќа – пијаниот Алсин ја украл маздата и возел 180 km/h

Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд

Алсин Левент, Турчинот кој го лиши од живот Шабан Шаулиќ со своето „ненормално“ возење, бил лажно пријавен на една адреса во Билефилд, а автомобилот со кој го удри пејачот можно е да е украден.

-Досегашниот тек на истрагата покажа дека Алсин Левент, 35- годишен државјанин на Турција нема адреса на живеење во Германија. Полицијата беше на адресата на која наводно е пријавен, но се воспостави дека е лажна. Тој таму воопшто нема живеено, па веднаш е почната истрага се со цел да се утврди каде воопшто живее, објаснила германска новинарка за српски „Курир“.

Полицијата веќе ја почнала и истрагата за возилото со кое е усмртен Шабан.

-Дефинитивно е јасно дека автомобилот не е негов. Полицијата веднаш почна со истрага за потеклото на автомобилот и како овој Турчин дошол до маздата. Постои можност возилото да е украдено, открила соговорничката.

Спонзорирано: