10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Миле е без повреди, и е вратен назад во Шутка

По лекарските прегледи во болницата „8 Септември”, Миле Јанакиески е вратен во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. По инцидентот, тој се пожалил на болки, а директорот на затворот, Ѓоко Котевски, рече дека имал нагмечувања, но не и скршеници.

Ексминистерот Спиро Ристовски не се пожалил на болки, па затоа не бил испратен на прегледи во болница. Инцидентите биле одделни, а органите ќе утврдуваат кои биле причините и како се случиле. Првичните информации што ги соопшти Котевски се дека Јанакиески и Ристовски ги почнале вербалните расправии.

„Затвротот ги презеде сите активности извршителите да бидат санкционирани. Нашата управа ќе почне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст од страна на затворската полиција“, соопшти Котевски.

Според него, затворската полиција реагирала бргу. Деталите за тоа што се случило ќе се утврдува преку исказите на затворениците што биле сведоци на настанот, но и преку надзорните камери. Директорот на затворот рече дека ги осудува ваквите инциденти и потенцира дека ќе направат сè за да не се повторат во иднина.

„Нашата управа ќе почне истрага со цел да се испита дали е напрвен некој пропуст и ако се утврди од страна на затворската полиција или другите служби, ќе бидат поведени соодветна истрага и дисциплинска одговорност“, додава Котевски.

Спонзорирано: