13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Обвинетиот Никола Митревски Кољо на денешното рочиште за крвавиот четврток во своите завршни зборови истакна дека жали за случувањата во Собранието на РМ од 27 април 2017 година и дека сите кои влегле тој ден во Собранието биле изманипулирани со “тиранската платформа” од страна на политичарите.

Жалам за она што се случи на 27, имам грижа на совест. Сакам да се извинам на сите кои беа присутни во Собранието, пратеници, новинари и вработени. Ние што влеговме во Собранието,на некој начин подлегнавме и бевме изманипулирани од наводната идеја за “тиранска платформа” предводена од тогашните организатоеи и политичари.
На 27 бевме предводени ид емоции и чувства кон татковината кои на некој начин политичарите ни ја наметнаа. Наредба за упад во Собранието не сум добил од никого, ниту организаторите ниту од политичарите, рече Митревски.

Тој истакна дека не бега од одговорност и дека за влегувањето во Собранието стои зад секоја направена грешка.

„Признавам при чиста свест дека стаклената врата во Собранието јас ја скршив.Не е точно дека Горан Ѓошевски Леви ја отворил. Морам да признаам дека Леви го мразам од дното на душата. Причината е што при моето приведување пред неколку години ми зададе удар без причина во полициската станица во Автокоманда. Не сум таков човек, а можев да му наштетам. Омразата ја чуствувам и денеска“, рече Митревски.

Кољо е обвинет од страна на Јавното обвинителство дека за упадот во Собранието ги организирал патриотските здруженија. Тој тврди дека на протестите За заедничка Македонија учествувал често пати и дека од листингот на неговите телефони може да се утврди дека на 27 не разговарал со ниту еден член од патриотските здруженија.

Од мојот листинг од двата броја може да се види дека тој ден сум комуницирал со МВР, мојот полубрат, Стопанска банка, мојата адвокатка и уште двајца пријатели кои немаат врска со упадот, дали ова се патриотски здруженија, запраша Кољо.

Тој исто така тврди дека исказите на браќата Стефан и Михаил Младеноски во кои говорат дека Кољо е еден од организаторите на толпата дадени пред судот се лажни.

„По давањето на исказот, на паузата Стефан ме повлече и ми кажа дека за исказот не дал заклетва и дека му било понудено заштита за да нема притисоци, па затоа дал така изјава против мене“, вели Кољо.

На денешното рочиште завршен збор дадоа обвинетите Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, а по Никола Митревски Кољо пред судот ќе се обрати и Александар Василевски Нинџа.

(Makfax)

Спонзорирано: