14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално, телото било во бездна, а на патот било оставено возило марка „поло“.

Според неофицијални информации, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.

Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување фотографија на социјалните мрежи.

Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.(Макфакс)

Спонзорирано: