9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Градска Болница: Кај Миле Јанакиевски не се констатирани никакви телесни повреди

Предмалку од градската болница Осми Септември во Скопје е соопштено дека денес, 21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата.

По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди.

Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје, апелира јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

Претходно про-опозициските медиуми преку лажни вести се обидоа да ја изманипулираат јавноста дека екс-функционерите завршиле со повреди.

Спонзорирано: