13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
kpuzatvorskopje
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Официјално: Сите детали за инцидентот во затворот Шутка

На ден 21 февруари 2019 година околу 13 часот за време на редовна прошетка на притвореници дошло до вербален инцидент предизвикан од лицето С.Р. кон лицето Л.К. кој подоцна преминал во лесна физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот велат од Затворот Скопје за Centar.mk.

Околу 13.45 часот, повторно за време на редовна прошетка на притворениците дошло до друг вербален инцидент предизвикан од лицето М.Ј. кон лицето Е.К. кој подоцна преминал во физичка пресметка која била веднаш прекината од службите на затворот.

За двата инциденти прибрани се писмени изјави од очевидци и известен е надлежниот суд.

После инцидентите за лицата С.Р. и М.Ј. веднаш се обезбедени прегледи и соодветна грижа од домскиот лекар после што лицето С.Р. не побарало дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. се пожалило на болки поради што е упатено кон болницата 8 септември, велат од Затворот Скопје.

Управата на истражниот затвор Шутка најостро ги осудува ваквите вербални и физички инциденти и порачува дека насилството нема да се толерира и истото најостро ќе се санкционира.

Истражниот затвор ќе ги преземе сите мерки и активности извршителите на физичко насилство да бидат соодветно санкционирани и во иднина, како и денес, ќе продолжи да постапува професионално и според сите мерки за безбедност предвидени во вакви ситуации. Нападнатите лица ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата, велат од таму.

Управата на Затворот апелира да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации.

Спонзорирано: