18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: СЈО се спојува со ОЈО

Министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ ексклузивно откри што во иднина ќе биде со Специјалното Јавно Обвинителство. Дескоска рече дека со новите два законски текстови кои веќе се готови, СЈО ќе биде дел од Основното Јавно Обвинителство. Таа додава дека законските текстови биле ставени на јавна дебата, а добиле и сугестии од странски експерти, па сега сметаат дека финалните законски решенија се најдобри.

„Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што  го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Спонзорирано: