6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Адвокатот Миланов најави жалба за притворот на Јанакиески

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која беше одредена 30-дневна мерка притвор за ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, адвокатот Еленко Миланов изјави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука на Кривичниот суд.

Јанакиевски и Ристовски, заедно со Никола Груевски и Никола Бошкоски се осомничени за огранизирање на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Вечерва во судот беше повикан и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е исто така осомничен за организирање на упадот, но тој се повика на пратеничкиот имунитет по што го напушти судот. „Макфакс“ дознава дека за него најверојатно утре ќе биде доставено решение до Собранието за да му се одземе пратеничкиот имунитет.

Неофицијално притвор се бара и за Никола Груевски, и ќе биде проширено барањето за екстрадиција и за овој предмет. За случајот осомничен е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше притворен по сведоштвата што во судот ги даде обвинетиот Александар Василевски-Нинџа.

Меѓудругото истражната постапка се води и по исказот на обвинетиот Александар Василвски-Нинџа кој ги посочи Јанакиески и Ристовски, дека на 27 април биле во зградата на ВМРО-ДПМНЕ и го контролирале упадот во Собранието.

(Макфакс)

Спонзорирано: