9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кацарска: Нинџа не се спогоди со судот за вечерашните апсења

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за насилниот упад во Сопранието, по денешното апсење на тројцата функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, по чиј исказ се води истражната постапка за случајот, не се спогодил со судот за помала санкција.

„Во оваа фаза судот не може да се спогодува со никого. Можеби Обвинителството се спогодило со Александар Василевски-Нинџа“, рече Кацарска, која додаде дека не би можела да коментира за приведувањето на Вељаноски, Ристоски и Јанакиески.

Судијката истакна дека во текот на водењето на постапката за 27 април немала никави притисоци ниту од функционери ниту од некоја партија, односно владејачкиот СДСМ или опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Го знаат мојот карактер и затоа никој не се обидел да ми врши притисок во текот на постапката“, рече Кацарска додавајќи дека ниту еден од обвинетите за 27 април не може да добие ослободителна пресуда.

Кацарска изјави дека во текот на наредните две недели ќе има пресуди за крвавиот четврток.

(Makfax)

Спонзорирано: