10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица европски пратеници приведени по упад во воздухопловна база

Четворица пратеници од Европскиот парламент беа уапсени денес поради упад во белгиска воена база за која тврдеја дека наводно крие нуклеарни оружја.

„Утринава, четворица пратеници од ЕП, влегоа во белгиската воздухопловна база Клајне-Брогел“, информира зелената партија во официјално соопштение.

Пратениците Моли Скот Като, Мишел Риваси, Тили Мец и Томас Вајц беа приведени откако влегоа во базата.

„Тие држеа банери и повикуваа на „зони без нуклеарно оружје во Европа“ и симболично ја блокираа пистата од базата Ф-16, бараќи повлекување на нуклеарните бомби на САД од територијата на Европа“, се вели во соопштението.

„Нашите активности имаат цел да ја повикаат ЕУ да ги отстрани нуклеарните оружја на САД од Европската територија“, вели Като, пратеник во ЕК со потекло од Британија.

Според францускиот пратеник Риваси, околу 20 нуклеарни оружја се наоѓаат во базата и претставуваат закана за јавноста.

Спонзорирано: