23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели дека немал влијание при вработувањето, па затоа и не можел да бара од неа да го напушти работното место.

„Јас немам можност да влијаам при вработувањата во ЕЛЕМ или во МЕПСО, под надлежност на Министерството за економија е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на ова министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а ЕЛЕМ во надлежност на Владата. Не чувствувам морална одговорност бидејќи во Министерството за економија не е вработен ниту еден од моите роднини. Ако утврдите дека јас сум влијаел за некое вработување, тогаш би чуствувал морална одговорност“, изјави министерот Бектеши.

Инаку, сестрата на Бектеши се вработи во МЕПСО откако тој стана министер, а во јавноста имаше информации дека и сопругата на братотот на сопругата на министерот, Нертула Усеини Куба, била вработена во ЕЛЕМ.

(Макфакс)

Спонзорирано: