11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За тие што ќе се обидат да уништат табли со Северна Македонија казна од 2000 евра – полицијата 24 часа ги чува

Полицијата 24 часа на ден ги чува таблите со новото име Северна Македонија, за да не бидат уништени и ишкртани како оние за автопатот Пријателство, пишува денескаСАКАМДАКАЖАМ.МК.

Официјално, на граничните премини секако има постојана патрола од позорникари кои не се таму само за таблите со новото име на државата, туку и зашто на меѓуграничниот простор мора да се внимава, бидејќи таму не смеат слободно да се движат луѓе, а неофицијално 24 часа се чуваат таблите да не се уништат.

Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 190, забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци, глобата е 2.000 евра.

Спонзорирано: