7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Скопје: Врз 33 годишник падна железна арматура на кран, почина на лице место

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала Речица, починал 33-годишниот градежниот работник М.А. од селото Челопек, Тетовско.

Како што соопшти МВР, работникот починал кога се обидувал да натовари железна арматура на кран. Арматурата се откачила и од висина од околу два метра паднала врз него. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: