5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Потпретседателот на ЕК упати пофалби до обвинителката за антикорупција на Романија

Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, вели дека Романија не смее да се предаде во битката против корупција.

Холандскиот политичар ја пофали државната обвинителка за антикорупција и додаде дека таа е многу храбра.

Лаура Кодруца Ковеси е лидер на новото Јавно обвинителство на Европа, а е следбеничка на најмоќниот човек на политичката сцена во Романија, Ливиу Драгнеа.

Владата на Романија ја отпушти Ковеси додека таа беше на позицијата директор на Државната антикорупциска агенција во јули 2018, поради наводно недолично однесување.

Ковеси поднесе жалба во Европскиот суд за човекови права со образложение дека ова се лажни обвиненија.

Во интервју со „Еуроњуз“, Тимерманс упати комплименти до Ковеси и говореше за неа со многу почит, особено за нејзината петгодишна работа како антикорупциски обвинител.

„Нема да има амнестија на политичари кои биле осудени“, вели Тимерманс.

„Јас сум многу брутален со Романците во врска со ова, мора да е јасно“.

„Госпоѓица Ковеси заврши одлична работа во последните години, таа е одличен обвинител“.

Според извештај на „Транспаренси интернешенел“, Романија е рангирана како една од најкорумпираните земји во ЕУ во 2018.

Спонзорирано: