18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Пет Американци уапсени во протестите во Хаити

Министерот за надворешни работи на Хаити, Бочит Едмонд, во понеделникот потврди дека петмина Американци на островот биле уапсени.

Тројца други лица, исто така, биле уапсени, додаде тој. Идентитетите на притворените лицата не беа откриени.

Шефот на полицијата на Хаити, Мишел-Анже Гедеон, изјави дека осумте лица биле уапсени за поседување нелегално оружје вклучувајќи пиштоли и автоматско оружје, како и дронови. Претходно, локалните власти изјавија дека Американците се во притвор под обвиненија за заговор.

Во главниот град на државата, Порт-о-Пренс, владеат смртоносните протести од 7 февруари. Жителите се на улиците, каде што палат автомобили барајќи од претседателот Џовенел Моис и премиерот да поднесат оставка.

Администрацијата на Моис се најде на остра критика поради високата инфлација и обвиненијата за корупција.

Во неделата премиерот Жан-Хенри Сеант ѝ се обрати на јавноста, повикувајќи на мир и ветувајќи дека ќе стави крај на корупцијата, која многумина сметаат дека е коренот на проблемите во земјата.

Американскиот Стејт департмент во својата изјава во понеделникот потврди дека петмина американски граѓани биле уапсени во протестите. Претходно, тие издадоа предупредување до своите граѓани да не патуваат во Хаити наведувајќи го „криминалот и граѓанските немири“, како и „широко распространетите, насилни и непредвидливи протести во Порт-о-Пренс и на други места во Хаити“.

Спонзорирано: