13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел ќе испрати вселенско летало на Месечината

Израелската непрофитна организација SpaceIL објави дека в четврток ќе испрати вселенско летало од Кејп Канаверал во Флорида со цел Израел да стане четврта земја што ќе оствари контролирано слетување на Месечината.

Беспилотното летало тешко 1.300 килограми и високо околу метар и половина ќе го почне својот седумнеделен пат до Месечината, од каде што ќе испрати слики од карпестата површина и ќе спроведе експерименти на Месечевото магнетно поле.

Доколку потфатот на вселенското летало „Берешит“ помине според планираното, Израел ќе стане четвртата и најмала земја со успешно лесно слетување на Месечината. Исто така, SpaceIL би станало прво приватно претпријатие кое ќе оствари контролирано слетување на Месечината, со најмалото вселенско летало и најевтината мисија за истото.

Вкупните трошоци на програмата, собрани од приватни донации, се 100 милиони долари, за разлика од милијардите долари инвестирани во американската вселенска програма.

„Мисијата за којашто зборувавме беше навистина невозможна мисија“, рече претприемачот Морис Кан, кој донираше 40 милиони долари за проектот, додавајќи дека ова е остварување на неговиот сон.

„Берешит“ ќе помине повеќе од 6 милиони километри и неколкупати ќе ја заобиколи Земјата пред да тргне кон месечината, каде што треба да слета на 11 април.

Спонзорирано: