11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски: Ахмети важи за човек од збор

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, а сега азилант се повеќе предизвикува внимание кај медиумите по напуштањето на Македонија и бегањето од две годишната затворска казна.

Груевски во своето последно интервју за Пинк телевизија вели дека Али Ахмети е човек од збор.

„Кога ги започнавме преговорите со ДУИ за нова Влада по изборите во 2016 година тој ми кажа дека имаат две опции. Или да направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или да се оди на нови избори. И тоа го кажа во присуство уште пред најмалку три лица. Со тоа деде дознание дека нема никаква намера да прави коалиција со други. И мислам дека тогаш искрено зборуваше. Затоа што тој ја донесе тезата во Македонија победник со победник. Победникот кај македонските партии и победникот кај албанските партии да направи коалиција. Тој е човек кој се држи до дадениот збор, сака да го одржи ветувањето, не сака да се стави во ситуација да излаже“, рече азилантот Никола Груевски во интервју за Пинк.

Спонзорирано: