11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Вечерва нова страшна сообраќајка со починати во Македонија

Едно лице загина, а друго со тешки повреди итно е префрлено во скопската клиника.

Според информациите на полицијата сообраќајната несреќа се случила нешто пред 18 часот вечерва, на патот Тетово – Јажинце, кај село Доброште.

Во несреќата учествувале возило марка голф и трактор.

Полицијата е на лице место и врши увид, заедно со јавен обвинител.

Повеќе детали во врска со идентитетот на настраданите се очекуваат за утре.

Спонзорирано: