3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ вечерва на средба со коалиционите партнери, утре Заев ќе разговара со Ахмети

Владејачката СДСМ вечерва ќе одржи средба со коалиционите партнери од коалицијата „За живот“. Како што информираше партијата, во седиштето на СДСМ во 18 часот ќе се одржи работен состанок-средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да дојдеме до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Ова е прва средба. Овие денови предвидено е консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.

Утре лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се сретне и со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. На двете средби ќе биде разговарано за можноста за заеднички кандидат во трката за претседател на земјата.

СДСМ објави конкурс за избирање на претседателски кандидат на престојните избори. ВМРО-ДПМНЕ вчера ја избра професорката Гордана Силјановска Давкова, за кандидат за претседател на изборите кои ќе се одржат во април.