9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе одвои Пентагон за американскиот претседател Доналд Трамп, односно за неговиот проект за изградба на ѕид на границата со Мексико, со цел да се спречи влез на илегални мигранти.

Трамп донесе одлука да воведе вонредна состојба во петокот, со што на Шенахан му даде овластување да пренасочи пари за изградба на ѕидот, а Белата куќа очекува сума од околу 6,1 милијарда долари.

Шенахан во изјавата рекол дека од денеска ќе почне да се занимава со деталите за оваа одлука.

Спонзорирано: