11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две големи акции на МВР – има приведени

Вчера околу 20,30 часот кај наплатна рампа Градско, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Форд Галакси“ во кое имало мигранти, по што пред Неготино, возачот го напуштил возилото во кое се пронајдени 13 мигранти од Сирија.

Во друга акција, истиот ден во 00,15 часот во атар на село Ново Село, струмичко, пронајдени се девет мигранти од Пакистан кои биле симнати од патничко моторно возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.

По преземени мерки во 00,30 часот во Радовиш во врска со овој случај сопрено е возилото, управувано од М.В.(21) од Велес. Против лицето е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: