21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да се обединиме и да му дадеме црвен картон на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на конвенцијата во Струга, на која партијата избира кандидат за претседател, повика на обединување на десното крило и на членството, со цел да извојуваат победа на претстојните претседателски избори, на кои, според него треба да победат Македонија и народот.

,,Да ги обединиме нашите разлики, кои се премали во однос на цената за Македонија. Да креираме држава која ќе владее врз принципите на правдата. Потребен ни е секој човек и затоа порачувам да се обединиме во еден опозициски фронт и да дојдеме до целта. На овие избори ќе му дадеме жолт, а на парламентарните избори ќе му дадеме црвен картон на Зоран Заев и на ненародната власт”, порача Мицкоски.

Тој се обрати и до пратениците и членовите кои што изминатиов период се дистанцираа од партијата.

,,Свесно или несвесно тие стануваат слуги на Зоран Заев и на СДСМ. Спонзорирани се да изработат за свои интереси, по план смислен од Бихаќска, со цел да го разединат десничарското јадро на ВМРО-ДПМНЕ. Но, нема да успеете да го излажете народот. Вие ќе останете само слуги и хушкачи и ќе доживеете пораз на 21 април, а потоа и на 5 мај”, рече Мицкоски. Тој додаде дека нема да дозволат да бидат украдени изборите и дека нема да успее планот за бојкот, затоа што од Струга испраќаат масовна порака за сплотеност.

,,Со име, образ и чест подаваме рака на сите оние на кои иднината на нашата земја им е над се. Ова е почеток на крајот и почеток на нова етапа од историјата на Македонија”, истакна Мицкоски.

Спонзорирано: