13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Голема полициска акција вечерва низ Македонија – Спречен терористички напад, има уапсени?

Спречен е терористички напад во Македонија.

Иако засега не се открива точно каде требало да се случи нападот од страна на припадници на Исламска држава, она што е познато дека МВР изминативе 24 часа спровела голема полициска акција, а одредени медиуми пишуваат за дваесетина уапсени лица припадници на терористичката ИСИС.

Инаку од Министерството за внатрешни работи доцна попладнево излегоа со соопштение дека по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја на Македонија, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот, се вели во соопштението кое го лиферуваше Македонската полиција.

Полицијата спровела претреси на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад, а Centar.mk дознава дека има и уапсени лица.

Акцијата на Министерството за внатрешни работи продолжи и вечерва, со мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните.

Вечерва низ главниот град беше забележително силно полициско присуство, како и надлетување на хеликоптери.

Американската амбасада излезе со предупредување

Постои зголемен ризик од терористички напад на територијата на Република Северна Македонија, објави американската амбасада во Скопје.

„Терористички организации и поединци инспирирани од екстремистичка идеологија имаат намера за напад врз цивили, вклучувајќи и државјани на САД во странство“, се вели во соопштението на амбасадата и се додава дека терористите при нападите се почесто користат пиштоли, возила и остри предмети.

Оттука апелираат до граѓаните на САД да бидат претпазливи. Велат дека екстремистите, повеќе се стремат кон напади врз објекти кои се „меки цели“, какви што се трговските центри, пазарите, аеродромите, хотелите, клубовите, рестораните, верските објекти, училиштата, парковите и јавните настани.

илустрација/архива
Регионалните медиуми на насловните страници за акцијата на полицијата
Речиси сите регионални медиуми особено внимание посветија на оваа вест.

На насловната страница на веб сајтот на Радио Телевизија Србија се информира дека Македонската полиција спречила терористички напад во Северна Македонија.

Во написот се цитира соопштението на МВР, но и издаденото предупредување на американската амбасада.

Детални информации утре

Од МВР се очекуваат детални информации за ваквата полициска акција за во текот на утрешниот ден.

Ваква анти-терористичка операција речиси и да немало низ историјата на Македонија, а Американската амбасада за прв пат после долги години упатува безбедносно предупредување до своите државјани за делот на Македонија.

Сето ова доаѓа само неколку дена откако стана извесно дека Македонија станува членка на НАТО.

Спонзорирано: