13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Го навредувал, па со лопата го удрил соседот

Вчера во 21:00 часот 20-годишниот Д.В. од Скопје, пријавил дека околу 19:30 часот додека бил во неговиот дом на улица „30“ во Радишани, слушнал викање од дворот, при што го забележал соседот, 51-годишниот Д.И. како со лопата удирал по оградата и упатувал навредливи зборови.

Во еден момент Д.И. со лопата го удрил пријавителот. По преземени мерки Д.И. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: