4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас во средно школо го потресе регионот: Ученик им ставил солна киселина во сокот на соученици

Во Средното стручно училиште во Србија е избегната голема трагедија, откако 15-годишниот ученик Л.М. се обидел да ги отруе своите соученици со солна киселина.

Ученикот од засега непознати причини ставил солна киселина во сок, па го дал шишето на двајца другари. Тие веднаш почувствувале горчлив вкус во устата и го исплукале сокот, а потоа дал да се напијат на уште двајца ученици.

За среќа не ја голтнале течноста, а ученикот е однесен во полиција со родителите, педагог и социјална служба.