Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Таравари на комеморацијата по несреќата: Ова е најтешкиот говор во мојот живот

Болката останува кај сите нас. Тешко е да се контролира, особено за мајките, татковците и роднините, рече денеска градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на комеморативната седница за загинатите во сообраќајната несреќа.

Тој изрази надеж дека граѓаните ќе извлечат поука од оваа трагедија дека треба да живееме и да се почитуваме едни со други.

„Се надеваме дека загинатите се на подобро место, во рацете на Господ. Дај боже никогаш да не се повтори. Животот е краток. Се надевам дека тие се поблиску до Господ“, истакна гостиварскиот градоначалник на комеморативната седница.

Тој изрази благодарност до државните и приватните институции и до селаните што помогнале во тој момент.

„Денес е ден на жалост, им се искажува почит на загинатите. Мое длабоко сочуство до семејствата. Ова досега е најтежок говор. 14 човечки животи, 14 прекинати приказни. Тие се враќаа дома во нашиот Гостивар, но не било пишано. Тоа е божјата волја“, рече Таравари и додаде дека ова е еден од најстрашните моменти во историјата на градот.

Седуммина од патниците во автобусот што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба. Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово потенцира дека бројот на жртвите од синоќешната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово е 14 лица.

(Макфакс)

Во тренд…