Centar.mk – Дознај сѐ!
Македонија

Света литургија за загинатите, повредените и нивните семејства

Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф утре во 8 часот во црквата „Света Петка“ во Гостивар ќе служи света литургија и ќе се моли за загинатите, повредените и нивните семејства од страшната несреќа, која ја покри со длабока тага нашата држава, соопшти Комисијата за односи со верските и религиозни групи.

Во трагичната несреќа, што се случи кај селото Ласкарци, загинаа 14 луѓе, а седум се во критична состојба.