5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Служби со кран го извлекуваат превртениот автобус, ќе се носи на вештачење

Служби опремени со кран го извлекуваат превртениот автобус кој вчера излета на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци. Основното јавно обвинителство Скопје веќе најави дека е издадена наредба за вонреден технички преглед на возилото.

Увидот на екипите на местото на настанот е завршен, а локацијата се расчистува од деловите на автобусот и расфрланите лични работи на патниците што патуваа со него.

Во автобуската несреќа животот го загубија 14 патници, а седуммина се борат за живот.

Искршениот рабник на автопатот сведочи за трагичната несреќа што се случи вчера околу 17 часот кога патничкиот автобус на „Дурмо турс“ преминал во другата коловозна лента, излетал на регионалниот пат, а потоа завршил во ендек. Причините за несреќата сè уште не се познати. Полицијата веќе разговарала со возачот на автобусот, а беше издадена и наредба за анализа на неговата крв и урина.

(Makfax)

Спонзорирано: