23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Зошто многу Кинези не може да си дозволат повеќе од едно дете?

Пред да го роди синот, Чен Сигуан, без никаков проблем, купувала производи за нега на кожата и често излегувала надвор со пријателите. Сега таа се двоуми дали ќе има доволно пари да купи нов фустан, пишува Си-ен-ен.

Чен живее во Сужоу, во југоситочниот дел на провинцијата Јангсу, работи како наставничка во средно училиште и заработува речиси 737 долари месечно. Нејзиниот сопруг работи во одделот за продажба во Шангај и заработува приближно 2.360 долари месечно.

За одгледување на својот син тие трошат најмалку една третина од годишниот приход на семејството, што е многу големо финансиско издвојување кога нивниот живот ќе се спореди со ситуацијата со семејство со слична финансиска состојба во некои други земји. Во споредба со семејство со сличен деловен статус во САД, за одгледување дете годишно се троши една петина од примањата.

Чен не е единствената што се соочува со овие финансиски проблеми во Кина. За милиони други семејства од средната класа, паричната ситуација е главна причина за помалиот број деца.

Пред три години Комунистичката партија на Кина објави строга политика, која на семејствата им дозволи да имаат само едно дете и која беше во сила десетина години. Кина сè уште се бори со проблемот на наталитет. Во 2018 година во Кина се родени 2 милиона деца, помалку од 2017 година, а повеќе од 50 проценти семејства не планираат да имаат второ дете, каде што финансиската ситуација е главна причина за таа одлука.

(Макфакс/Си-Ен-Ен)

Спонзорирано: