3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Силен скок на цените на нафтата

Цената на нафтата скокнаа на меѓународните пазари на 63 долари кога Саудиска Арабија најави дека ќе го намали производството повеќе од договореното.

На лондонскиот пазар цената за барел нафта порасна на 1,17 долара во однос на претходното затворање и изнесува 62,68 долара. На американскиот пазар барел се тргува за 89 центи повисока цена, од 53,30 долари.

Вишокот во снабдувањето се топи благодарение на доброволното намалување на производството, кое го спроведува Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, предводена од Русија.

Нивниот договор стапи во сила на почетокот од годинава, а се предвидува намалување на производството за вкупно 1,2 милиона барели дневно. Водечката светска извозничка на нафта, Саудиска Арабија, најави дека во март ќе го намали производството на сурова нафта на 9,8 милиони барели дневно, со што ќе го надмине планот за повеќе од половина милион барели дневно.

Пекинг и Вашингтон се обидуваат да постигнат договор пред 1 март кога САД треба да ги зголемат царините на увоз на кинеска стока. Ако не успеат, американските царини на 200 милијарди долари кинески увоз би требало да пораснат од 10 на 25 отсто.