11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД задолжени повеќе од кога било

Американскиот јавен долг вчера првпат ја надмина бројката од 22 милијарди долари, соопшти американското Министерство за финансии. Моментниот јавен долг на САД изнесува 22,012 милијарди долари, што е пораст од 30 милијарди долари, само од почетокот на овој месец.

Експертите предупредуваат дека овој рекорден износ на долгот би можел да биде дополнителен доказ дека земјата е на неодржлив финансиски курс, кој би можел да ја загрози економската сигурност на сите Американци, пренесе „САД тудеј“.

Американскиот јавен долг забрзано расте откога претседателот Доналд Трамп во 2017 година донесе даночна реформа која ги укина даноците во вредноста од 1,5 милијарда долари главно за корпорации, а Конгресот во меѓувреме ја зголеми потрошувачката за војска и други подрачја.

САД само во последните 11 месеци го зголемиле јавниот долг за една милијарда долари.

Спонзорирано: