11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Автобусот бил полн со 50 патници – сите останале заклучени, а потоа дошле спасувачите

Околу 50 патници имало во автобусот кој се преврти кај Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Според информациите кога дошле спасувачките екипи во автобусот патниците биле заклучени.

Неофицијалните и првични информации велат дека автобусот се превртел околу 16 часот откако му пукнала гума и излетал на другата страна од патот, па преку заштитната ограда се отпревртил во блиската провалија.

Во моментов на лице место присутни се голем број на полициски екипи, а со болнички возила се пренесуваат повредените кои ги има во голем број.

Повредените се носат во градската болница во Скопје – 8-ми септември.

Од МВР засега потврдуваат дека се случила тешката сообраќајка, но нема по-официјални информации.

Спонзорирано: