Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в.
Под влијание на многу студен бран од север од денес следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.
Прогноза за 13.02.2019
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -2°C до 6°C
Променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Прогноза за 14.02.2019
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно и студено со силен северен ветер. Локално ќе провејува слаб снег.
Прогноза за 15.02.2019
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: -1°C до 7°C
Променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер.