15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна и Јужна Кореја заеднички кандидати за Олимпијадата во 2032

Јужна Кореја и Северна Кореја, двете нации кои уште официјално се во војна, се надеваат на нова ера на полуостровот, откако најавија заедничка кандидатура за Олимписките игри во 2032 година.

Претставниците на двете земји треба да го претстават својот план на состанок во Лозана со Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), откако Јужнокорејскиот олимписки комитет го избра Сеул како кандидат.

Одлуката и Северна Кореја да биде вклучена во Олимпијадата доаѓа откако минатата година оваа земја прати спортисти, навивачи и официјални лица на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот планински град Пјонгчанг. Двете Кореи исто така неодамна играа со заеднички тим на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска.

Спонзорирано: