4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Грција ја прати вербалната нота – Македонија од вечерва и официјално станува Северна Македонија

Вечерва се очекува во Службен весник да биде објавено стапувањето на сила на амандманите со кое Република Македонија станува Република Северна Македонија, откако Грција доцна вечерва ја испрати вербалната нота со која се потврдува дека е заокружен процесот со изгласувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО, дознава Centar.mk.

Амандманите стапуваат на сила веднаш, откако ќе биде објавена одлуката во Службен весник.

Веднаш по ова, се очекува поставувањето на новите табли на инситуциите, а овој процес се очекува да трае во следните три до четири дена.

Неофицијално веќе од утре се очекува во Владината кореспонденција да почне да се користи новото име, а можно е и поставување на ознака со новото име и на зградата на Владата.

Со новото име ќе бидат ажурирани и сите електронски публикации и веб страниците на државните институции.

Новото име ќе го носат и таблите на влез во Македонија на сите гранични премини, а се очекува со сличен чекор да пристапи и Грција која треба да ги замени таблите на излез од северниот дел на Грција кон Македонија кои сега ја носат кратенката ФИРОМ.

Она што е најважно е дека граѓаните од Македонска етничка припадност со договорот од Преспа се признаени како Македонци, кои зборуваат Македонски јазик.

Република Северна Македонија и натаму ќе го користи меѓународниот код МК и МКД, и а интернет домејните ќе останат со .mk.

Единствена промена ќе има кај регистерските таблички, кои наскоро ќе се издаваат со ознаката “NMK”. Неофицијално, граѓаните кои поседуваат од актуелните таблички нема да имаат потреба да ги менуваат туку врз нив ќе биде залепена лепенка со новата ознака NMK.

Пасошите, личните карти, сообраќајните дозволи, но и другите документи нема да мора да се менуваат, туку истите ќе имаат важност од пет години, период кој дава комодитет на граѓаните.