Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Бизарна несреќа во Македонија: Машина згмечи работник

фото: Centar.mk

Работник добил скршеница на нога при пад на утоворна машина откако загубил контрола.

Несреќата се случила вчера во селото Топлица, вчера околу 15 часот.

Педесет и девет годишниот Н.Ј. од Долна Бањица работејќи со утоварната машина (јумба) во близина на бензинска пумпа изгубил контрола над машината, и паднал. При тоа, машината продолжила да се движи и со предниот дел удрила и го оштетила агрегатот за електрична енергија на бензинската пумпа.

Повредениот Н. Ј. по укажаната помош во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, пренесен е на скопските клиники.

Извршен е комплетен увид и се расчистува случајот.