Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Во Црна Гора од грип заболени 237 лица, починаа шест

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата на грип починаа шест лица, а вкупниот број лабораториски потврдени случаи на грип изнесува 237 и речиси сите се инфицирани со вирус на грип од типот А, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Директорот на Домот за здравје на Подгорица, Небојша Кавариќ, за РСЕ вели дека има доволно вакцини против грипот и дека досега примиле осум илјади граѓани.

„Најголем ризик има кај постарите лица и хронично заболените на сите возрасти, здравствените работници, како и сите што по процена на лекарите имаат симптоми што би можеле да укажат оти се работи за вирус од типот А“, изјави Кавариќ.

Во тренд…