20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Мадуро демонстрира сила: голема воена вежба среде кризата во Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, го прогласи почетокот на големите воено-цивилни вежби – „Двесте години Ангостура 2019“, во кои ќе уствуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Во пресрет на почетокот на воените вежби Мадуро пристигна во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде што изврши надзор на воената опрема, која вклучува и ракетни системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржуваат од 10 до 15 февруари. Како што претходно посочи Мадуро, тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

На 15 февруари 1819 година на конгресот во Ангостура, по иницијатива на Симон Боливар, Венецуела прогласила независност од Шпанија.

Иако венецуелската армија не е една од најголемите на јужноамериканскиот континтет, според воената технологија и оружје може да се вброи меѓу најмоќните, сметаат аналитичарите. Главен адут се воздухопловните сили, на чие чело се руските повеќенаменски ловци „Су-30МК2В“.

Спонзорирано: