Секогаш во средиштето на збиднувањата...

(Видео) CYRILLIC со нова песна и видеозапис

Македонското електронско дуо Cyrillic деновиве ја промовираа нивната нова песна ,,Доволни” во соработка со пејачката Валери Димовска (Valery).

,,Доволни” е следбеник на нивниот голем хит ,,Во тебе се гледам”, којшто е во соработка со Дина Јашари (Dina), којашто е текстописец на новата песна и автор на музиката заедно со Cyrillic, а аранжманот е на Cyrillic.

Песната е снимена во студиото на Иван Јованов (Iwayo), со кој што Cyrillic соработуваа на нивните два претходни синглови Feel Like и Right Here. Како што велат Cyrillic: – ,,Тимот што победува, не се менува.”

За преубавите кадри и целата приказна е заслужен режисерот Христијан Конески, кој што живее и твори во Сиднеј – Австралија каде што е и сниман видеозаписот.