Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Судењето на поранешниот малезиски премиер одложено во последен момент

фото Pixabay

Судењето на векот против поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак беше одложено во последен момент.

Разак требаше да се појави пред судот во вторникот за повеќе обвиненија за корупција, но Апелациониот суд во земјата во понеделникот го одложи судењето, потврди неговиот адвокат Шафи Абдула.

Одбраната на Наџиб поднесе неколку жалби во периодот пред судењето, а судиите пресудија дека истото треба да се одложи додека барем една од жалбите не е сослушана.

Судењето во вторникот беше само за неколку од многуте обвиненија со кои се соочува Наџиб во врска со обвинувањата дека проневерил милијарди долари преку фондот 1MDB. Другите рочишта се закажани за подоцна оваа година, а целиот правен процес може да трае неколку месеци, ако не и години.

Засега не е одреден датум кога судењето ќе продолжи, иако се очекува целиот процес на жалба да трае барем неколку недели.

Судењето по сите обвиненија ќе заврши меѓу 2020 и 2021 година, а аналитичарите сметаа дека Разак ќе биде прогласен за виновен.